
Нејмар вечерва изјави дека сериозно размислува за тоа на крајот на годината да ја заврши својата голема кариера.
Тој рече дека планира од година на година и дека не знае што може да донесе следната сезона. Според неговите зборови, можно е во декември да ја донесе одлуката за крај на кариерата, во зависност од здравјето и мотивацијата.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
“Не знам што носи иднината. Можно е во декември да одлучам дека е доста и дека сакам да се пензионирам. Живеам од година на година,” изјави Нејмар на бразилските медиуми.
Поради повреди, бившиот напаѓач на Барселона и ПСЖ честопати беше повреден, а така и откако се врати од Саудиска Арабија во Бразил и потпиша за Сантос, повторно се соочи со непријатна повреда.
Нејмар на почетокот на минатата година се врати во својот матичен клуб Сантос по што играше за Ал-Хилал. Наскоро го продолжи договорот со Сантос до крајот на 2026 година, но првата година беше обележана со здравствени проблеми.
По операцијата на коленото на крајот на декември го пропушти почетокот на новата сезона во Бразил и се врати на теренот дури минатата седмица.
Сега Нејмар е во голема дилема дали да продолжи да игра и по Светското првенство, за кое не е сигурен дека ќе биде присутен.
Во кариерата остана запаметен и по трансферот од Барселона во ПСЖ во 2017 година, што со години важеше за рекорден платен трансфер, кој чинеше огромни 222 милиони евра.