Дома Фудбал Братот на Синиша Михајловиќ до Србите: Никој не се сети на големиот Миха на годишнината од неговата смрт

Братот на Синиша Михајловиќ до Србите: Никој не се сети на големиот Миха на годишнината од неговата смрт

Поминаа две години од денот кога фудбалскиот свет загуби голем човек Синиша Михајловиќ. Легендарниот фудбалер и тренер почина на 16 декември 2022 година, по храбра битка со леукемијата, а неговиот спомен е жив, барем надвор од границите на Србија.

Италија не го заборави српскиот гигант кој остави голема трага играјќи за Рома, Сампдорија, Лацио Интер и ги водеше Болоња, Катанија, Фиорентина, Милан, Торино… А тој факт го истакна братот на Синиша, Дражен Михајловиќ.


Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓


Имено, овој понеделник на натпреварот од 16. коло од Серија А помеѓу Лацио и Интер, почетокот на дуелот му беше посветен на големиот Миха. На стадионот „Олимпико“ навивачите на Лацио кренаа транспаренти со трогателни пораки, додека на видео бимот беше прикажана фотографија од Михајловиќ во дресот на римскиот клуб со зборови на благодарност за се што направи за фудбалот.

Синиша остана запаметен и од многу колеги низ Италија, кои преку социјалните мрежи споделија спомени од заедничките моменти со него. Италијанските медиуми ја одбележаа и годишнината од смртта на легендарниот фудбалер, потсетувајќи се на неговиот придонес и неверојатната харизма која остави длабока трага.

Но, во Србија, на домашна основа и на социјалните мрежи, отсуствуваше слична посвета. Годишнината од смртта на Синиша Михајловиќ не се споменуваше ниту на натпреварите од Супер лигата, на дуелите меѓу Војводина и Црвена звезда, за која настапуваше Миха, ниту на официјалните страници на Фудбалскиот сојуз на Србија, што предизвика бурни реакции.

После се, се огласи братот на Михајловиќ кој ги повика ФСС, но и навивачките групи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ужас во Англија: Убиeн фудбалер во ноќен клуб!

Играчот на полупрофесионалниот англиски нисколигаш Бартон Таун, Џејмс Хичкок (30), бил уби…