
Младиот англиски репрезентативец, 19-годишниот Џоб Белингам, кој го воведе Сандерленд во Премиер лигата, се наоѓа во Германија и преговара за премин во Ајнтрахт Франкфурт, објавија британските медиуми. За него се заинтересирани и Борусија Дортмунд и РБ Лајпциг. Во неделата, извршниот директор на Борусија Дортмунд Ханс-Јоахим Вацке беше во Англија и разговараше со Белингам и неговото семејство за доаѓањето на „Вестфален“.
Може да се случи Џоб да тргне по стапките на неговиот постар брат Џуде, кој како тинејџер замина од Бирмингем Сити во Борусија. Германскиот клуб му обезбеди најдобар можен развој на играчот, и по три сезони во дресот на екипата, летото 2023 за 113 милиони евра премина во Реал Мадрид.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Џоб Белингам исто така ја мина младинската школа на Бирмингем Сити, за во јули 2023 да се пресели на „Стадионот на светлината“. Летото минатата година го продолжи договорот со „Црните Мачки“, кој му важи до јуни 2028. Тоа значи дека новиот работодавач ќе треба да плати висока отштета за англискиот У-21 репрезентативец.
Последниве две сезони Џоб Белингам блескаше во дресот на Сандерленд, а пред три дена „Црните Мачки“ на „Вембли“ во финалето на квалификациите за Премиершип победија со 2:1 против Шефилд Јунајтед, и по осум години се вратија во елитниот ранг на англискиот фудбал.
Фото: Принтскрим