Дома Фудбал „Бомба“ од Островот: Естевео во трансфер вреден 120 милиони евра заминува од Челси

„Бомба“ од Островот: Естевео во трансфер вреден 120 милиони евра заминува од Челси

Од кога пристигна во Челси, младиот Естевео Вилијан ги освои симпатиите на навивачите на тимот од Лондон со неговата навистина извонредна игра.

Сега сè повеќе се зборува за неговото заминување од Челси, а наводно еден клуб е толку заинтересиран за него што се подготвени да платат 120 милиони евра во кеш.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Имено, по што Пеп Гвардиола го критикуваше Рајан Черки, медиумите од Англија тврдат дека е подготвен да го придобие бисерот на Челси.

Естевео пристигна во Челси во јули, но веќе покажа дека е клучен играч во тимот кој од клупата го води Енцо Мареска.

Досега одигра 20 натпревари, постигна пет гола и запиша една асистенција.

Брзо стана миленик на навивачите, а сè започна кога го постигна победничкиот гол против Ливерпул во октомври.

Навивачите на Челси со нетрпение очекуваат да се врати и Палмер, за да видат како ќе изгледа нападот на нивниот клуб со овие двајца играчи.

Како што тврдат Англичаните, но и шпанскиот Фичајес, Манчестер Сити сака што побрзо да го изземе од Лондон.

Имено, Манчестер Сити наводно подготвиле понуда од 120 милиони евра и сакаат Естевео да биде нивниот најскапо платен играч досега.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нејмар со „уништена нога“ направи чудо (Видео)

Бразилската ѕвезда Нејмар направи чудо со Сантос. Дојде како спасител за паднатиот великан…