Дома Фудбал Бившата ѕвезда на Милан се сели во Рома

Бившата ѕвезда на Милан се сели во Рома

Фудбалскиот клуб Рома покажа интерес за доведување на поранешниот капитен на Милан, Франк Кеси.

Кеси веќе две сезони игра за Ал Ахли и не покажуваше намери да се врати во Европа во неговите најзрели играчки години, но интересот од Гасперини би можел да му донесе пресврт во кариерата, бидејќи тие двајца соработуваа една сезона во Аталанта.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Дека оваа информација не е без основа, потврдува и фактот што ја објави познатиот италијански новинар Дјанлука Ди Марцио, чиј извори често се покажуваат како точни, иако Италијанецот напоменува дека не е сигурен колку Рома може да му конкурира на Ал Ахли во однос на платата на Кеси.

Она што веќе е јасно, е дека освојувачот на последното Скудето на Милан влегува следниот месец во последната година од договорот со Ал Ахли, па е јасно дека ќе мора да размисли за својот понатамошен статус и дали е заинтересиран за враќање во италијанскиот фудбал.

Со оглед на тоа што Леандро Паредес ќе се врати во Аргентина, на Гасперини му е потребен човек од доверба и нема сомнеж дека Кеси е играчот чии што профил максимално ги исполнува барањата на педантниот стручњак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мората се сели кај Фабрегас

Од Комо започнаа преговори со напаѓачот Алваро Мората за негово привлекување, објавуваат т…