Дома Останати Ракомет Бивш ракометар на Металург стана најплатен играч во светот

Бивш ракометар на Металург стана најплатен играч во светот

Црногорскиот репрезентативец и десен бек Владан Липовина, кој македонската ракометна јавност добро го памети од неговиот настап за Металург во 2014 година, реализираше вистински „бум“ трансфер што се смета за еден од најпрофитабилните во светот на ракометот.

Липовина официјално потпиша тригодишен договор со клубот Ал Кувајт, со што ќе инкасира импресивни 800.000 евра по сезона. Вкупната вредност на договорот изнесува 2,4 милиони евра, што е реткост за ракометните стандарди.

Покрај основната плата, се очекува ракометарот да добива и дополнителни бонуси за освоени трофеи и постигнати резултати со екипата, што би можело неговата годишна заработка да ја заокружи и до милион евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Фленсбург со удар по сирената го шокира Берлин, Кил едвај се извлече

Симон Питлик погоди директно од слободен удар од девет метри по истекот на времето и му до…