Дома Фудбал Бетис им се налути на „ѓаволите“ поради Антони: Ако не се договориме, ќе се повлечеме од преговорите

Бетис им се налути на „ѓаволите“ поради Антони: Ако не се договориме, ќе се повлечеме од преговорите

Реал Бетис изрази незадоволство од текот на преговорите со Манчестер Јунајтед за евентуалниот трансфер на бразилскиот офанзивец Антони. Иако андалузискиот клуб веќе подолго време преговара со англискиот гигант, конкретен договор сè уште не е постигнат, што ја доведува целата операција под знак прашалник.

Антони имаше солиден впечаток за време на својата позајмица, а Бетис е сериозно заинтересиран да го задржи во своите редови, но условите кои ги поставува Јунајтед се пречка за финализирање на зделката.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Сè мора да биде во рамките на нашите финансиски капацитети. Размислуваме за позајмица со можност за откуп, бидејќи сумата која ја бара Манчестер Јунајтед за откуп на договорот е навистина висока. Работиме интензивно на тоа Антони да остане, но ако не дојде до договор, тоа нема да го доживееме како неуспех“, изјави претседателот на клубот, Анхел Харо.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хави Симонс „одлучи“ – Ништо од Арсенал, се договори со друг англиски гигант

Хави Симонс е еден од најталентираните фудбалери во моментов и ова лето е желба на многу е…