Дома Фудбал Беше обвинет за местење натпревари со картони, а вчера беше бизарно исклучен: Навивачите бурно реагираа (Видео)

Беше обвинет за местење натпревари со картони, а вчера беше бизарно исклучен: Навивачите бурно реагираа (Видео)

Срамота е животот и кариерата да бидат засегнати две години без психолошка поддршка од здружението”, напиша играчот на средниот ред на Вест Хем, Лукас Паќета, на социјалната мрежа X и додаде: “Можеби моето смешно однесување е одраз на сето тоа низ што поминав и, ми се чини, уште поминувам. Жал ми е што не сум беспрекорен.”

Бразилецот наскоро се огласи со уште една порака, извинувајќи се на навивачите и соиграчите поради исклучувањето и додаде: “Разбирам дека сега морам да ја играм улогата на негативец; тешко е да се живее со се што се случило во мојот живот и како тоа влијае на моето ментално здравје! Ќе продолжам да се трудам за да ме погодува уште помалку. Тоа не го оправдува моето исклучување и за тоа се извинувам на навивачите и моите соиграчи”, напиша.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Да потсетиме, Ливерпул со победата против Вест Хем 2:0 во Премиер лигата ја прекина серијата од три последователни порази, но по натпреварот во фокусот се најде бизарното исклучување на Лукас Паќета кое повторно покрена гласини за местење на натпревари. Бразилскиот играч на средината прво доби жолт картон од судијата Дарен Ингленд поради постојани приговори.

Судијата дури го повика капитенот на Вест Хем, Џарод Боуен, да го смират Паќета, но тој не запре, продолжи да гестикулира и да приговара, па Ингленд му покажа уште еден жолт картон што значеше исклучување. При напуштање на теренот, Паќета саркастично им аплаудираше на судиите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Аталанта го врати Распадори во Серија А

Аталанта го објави привлекувањето на напаѓачот Џакомо Распадори, кој пристигнува со трансф…