
Во текот на синоќешниот натпревар во плеј-офот на Лигата на шампионите помеѓу Бенфика и Реал Мадрид, атмосферата беше доста немирна. Реал извојува победа со 1:0 благодарение на единствениот гол на Винисиус Жуниор.
Бразилецот го прослави голот со провокативно танцување пред навивачите на Бенфика. Ова му донесе жолт картон, а ситуацијата на теренот стана хаотична.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Натпреварот беше прекинат поради наводните расистички навреди, кои играчите на Реал тврдеа дека ги упатил играчот на Бенфика, Џанлука Престијани.
Винисиус ги извести судијата на натпреварот Франсоа Летексиер и тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо. Судијата донесе одлука за прекин на натпреварот, кој подоцна продолжи без казна за Престијани.
Играчите на Реал беа разочарани, особено Килиан Мбапе, кој тврдеше дека го слушнал Престијани како го нарекува Винисиус „мајмун“.
Como demonstram as imagens, dada a distância, os jogadores do Real Madrid não podem ter ouvido o que andam a dizer que ouviram. pic.twitter.com/7JF9AVuhEM
— SL Benfica (@SLBenfica) February 18, 2026
Бенфика реагираше на обвиненијата преку објавување видео по настанот со Престијани и Винисиус. Краткиот клип од 30 секунди беше поставен на социјалните мрежи со следниот статус:
“Како што покажува снимката, поради оддалеченоста, играчите на Реал не можеа да го слушнат она што тврдат дека го слушнале”, истакнаа тие.
Видеото го прегледаа повеќе од 15 милиони корисници само на профилот на Бенфика, станувајќи вистински вирална сензација.