Дома Фудбал Барселона со жестока реакција поради судиското решение откако претрпе пораз: “Голот не требаше да биде признат”

Барселона со жестока реакција поради судиското решение откако претрпе пораз: “Голот не требаше да биде признат”

Барселона доживеа пораз од Жирона со 2:1 на гостински терен во 24-тото коло на Ла Лига. Барса прво поведе со гол кој го постигна Пау Кубарси во 59. минута. Меѓутоа, само две минути подоцна, Томас Лемар го израмни резултатот на 1:1. Фран Белтран го постигна победничкиот гол во 86-та минута од мечот.

Барселона имаше извонредна шанса да поведе во првото полувреме кога Дани Олмо доби пенал, а Ламин Јамал шутираше. Најдобриот играч на гостите ја погоди стативата, па на паузата се замина со резултат 0:0. Сепак, гостите дојдоа до водство во 59. минута, кога по еден центаршут од десно на Кунде, Кубарси со глава погоди во горниот десен агол.

Судиска одлука која ги разлути Барселона

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Нова судиска контроверза поврзана со Барселона се случи при резултат 1:1. Во текот на нападот на Жирона, Кунде падна на теренот откако Ечеверри го нагази. Судијата не ја прекина играта, откако францускиот бранител се превитка од болка, топката стигна до Фран Белтран, кој со прецизен удар од работ на шеснаесетникот донесе водство за домаќините. Погледнете ја ситуацијата ОВДЕ.

Играчи и стручниот штаб на Барселона жестоко протестираа, барајќи да се разгледа спорниот старт над Кунде. Меѓутоа, судијата од Риоја не ги зема предвид нивните барања, а од VAR собата, не дојде никаков сигнал за проверка. Сото Градо со гестови објаснуваше дека контактот бил минимален, додека Кунде продолжи да лежи на земјата. Голот беше признат, што предизвика гнев во редовите на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вечерва четири натпревари од плеј-офот на Лигата на шампионите: Во фокусот дуелот меѓу Бенфика и Реал Мадрид

Четири натпревари од УЕФА Лигата на шампионите се на распоред вечерва, распоредени во два …