Дома Фудбал Барселона пронајде замена за повредениот Гави и тоа во Манчестер Јунајтед!

Барселона пронајде замена за повредениот Гави и тоа во Манчестер Јунајтед!

За време на репрезентативната пауза, еден од најталентираните играчи на Барселона – Гави, го повреди коленото.

Иако на прв поглед не се чинеше како нешто сериозно, младиот Шпанец мораше да замине на операција поради повредата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Операцијата помина успешно, но опоравувањето ќе трае подолг временски период, односно четири до пет месеци.

Се разбира, и по самиот опоравувањето, Барселона ќе мора да биде внимателна и трпелива што се однесува до Гави и неговото враќање на зелениот терен.

Пристапот и енергијата на Гави на теренот се тешко заменливи и неговото отсуство ќе биде голем удар за Ханси Флик и тимот.

Сепак, Блауграна ќе се обиде да го замени 21-годишникот со играч од Манчестер Јунајтед.

Како што пренесува шпанскиот “Фичајес”, Барса ќе се насочи кон Коби Мејну, кој го гледаат како одлична краткорочна замена за Гави.

Мејну е многу млад и талентиран играч, но во последно време целосно падна во втор план кај Рубен Аморим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандскиот голман на 43 години смени клуб

Поранешниот голман на Ајакс, Ремко Пасвер кариерата ќе ја продолжи во Хераклес. Искусниот …