
И покрај убедливата домашна победа со 3:0 во реваншот од полуфиналето од Кралскиот куп, Барселона сепак е елиминирана, додека Атлетико Мадрид се пласира во финалето. Атлетико победи со 4:0 во првиот натпревар и сега во финалето го чека победникот од баскискиот дерби Атлетик Билбао – Реал Сосиедад. По мечот, најмногу се зборува за тоа како Антоан Гризман (34), легенда на Атлетико (483 натпревари, 210 голови, 95 асистенции), го прослави драматичниот пласман во финалето.
На социјалните мрежи тој објави фотографија како слави, додека зад него лежат играчите на Барселона во разочарување. Ова го придружи со статусот “Дали оваа фотографија е претерана?” и емотикони кои јасно покажуваат дека ужива и се потсмевнува на тагата на противникот. Овој потег на Гризман ги разбесни многу навивачи на Барселона, кои нагласуваат дека ваквото однесување е недолично кон клубот кој го плати толку скапо, а тој таму потфрли.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Имено, Барселона го купи Гризман од Атлетико за 120 милиони евра во летото 2019 година. Легендата на мадридскиот клуб не се наметна во Барселона и по 102 натпревари, 35 голови и 17 асистенции, беше вратен на Атлетико. Таму прво беше на две сезони позајмица, а потоа беше откупен за 22 милиони евра. Барселона на тој начин загуби околу 100 милиони евра само на отштета.
Сепак, Гризман со статусот и фотографијата кои предизвикаа големо внимание и се најдоа на насловните страници на шпанските медиуми. Пред година дена, Барселона гостуваше кај Атлетико во дерби натпреварот од Ла Лига. Домаќинот поведе со 2:0, но потоа гостите направија пресврт и победија со 4:2.
Таа победа на Барселона беше една од клучните на патот кон титулата. Ја прославија со објава на социјалните мрежи со фотографија на која нејзините играчи се радуваат во позадина, додека во прв план е тажниот Гризман. Статусот гласеше: “Оваа фотографија е претерана.”
Esta foto va muy dura 🥵 pic.twitter.com/TZqhmCIZbe
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) March 17, 2025