Дома Фудбал Барселона одби 250.000.000 за Јамал, а се знае и од кого

Барселона одби 250.000.000 за Јамал, а се знае и од кого

Во Барселона е во тек кампања пред изборите за претседател на клубот, актуелниот челник Жоан Лапорта сака нов мандат, а во рамките на својата промоција откри дека пред речиси две години одбил огромна понуда за најдобриот фудбалер на тимот Ламин Јамал.

Лапорта истакна дека Пари Сен Жермен летото 2024 година, откако Јамал блескаше во дресот на Шпанија и го освои европското првенство во Германија, понуди дури 250.000.000 евра за него, но Барселона одлучи да ја одбие таа понуда.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Тоа е една од одлуките на кои сум најгорд“, порача Лапорта, нагласувајќи дека клубот сака да го задржи играчот кој многумина веќе го гледаат како наследник на Лионел Меси.

Јамал во меѓувреме го продолжи договорот со Барселона до 2030 година, а Лапорта тврди дека младиот фудбалер е среќен во клубот и целосно посветен на проектот на “Камп Ноу”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ослабен ќе го дочека Манчестер сити

Реал Мадрид доби лоши вести пред првиот дуел против Манчестер Сити во осминафиналето од Ли…