Фудбалскиот клуб Барселона и понатаму блеска во јануари оваа година.
Сите знаеме како започна бурно со случајот околу Дани Олмо, кој на крајот се реши во корист на Барса, но тоа беше само почеток на зимското лудило.
Каков луд викенд: Интер - Милан и Манчестер Сити - Арсенал ↓↓↓
Со регистрацијата на Олмо, Барса по пет години успеа да се врати во нормалниот начин на работење 1:1, а потоа го декласираше Реал Мадрид и го освои Суперкупот на Шпанија.
Барса заврши на второто место во групната фаза на Лигата на шампионите и го чека својот противник во осминафиналето, а потоа за крај:
Роналд Араухо минатата недела, Педри во четврток, а Гави денеска потпиша нов долгогодишен договор.
Денес и официјално Гави го продолжи договорот до 2030 година, до кога и Педри кој потпиша еден ден претходно, додека новиот договор на Араухо е до 2031 година.
Навивачите на Барса веруваат дека јануари не можеше да биде поубав, иако досега (за сега), не е завршено ниту едно засилување.
Да потсетиме, сè уште е можно Ансу Фати да се согласи да замине, во тој случај, Маркус Рашфорд би можел да пристигне на позајмица до крајот на сезоната.
Дури и да не се случи тоа, трофејот во Суперкупот по 5:2 против Реал Мадрид, победата во случајот на Дани Олмо, враќањето на нормалното работење и потписите на клучните играчи, сосема е доволно да се каже дека Барса имаше одличен месец.