Дома Фудбал Барселона го пушта „наследникот на Меси“ – целосно бесплатно!?

Барселона го пушта „наследникот на Меси“ – целосно бесплатно!?

Лионел Меси е легенда на Барселона, а многумина се обидоа да го наследат, но не им одеше најдобро. Барселона сега еден од нив би можела бесплатно да го пушти, само за да се ослободи од него.

Во 2021 година, кога Леонел Меси веќе не беше дел од редовите на Барселона, се случи еден преседан.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Тогаш Ансу Фати во клубот од Каталонија го презеде дресот со број 10 и дополнително потврди зборовите кои го нарекуваа новиот, односно наследник на Лео Меси.

Сепак, овој 22-годишен играч никогаш не ги оправда тие очекувања и се соочи со големи проблеми со повреди.

Медиумите во Шпанија сега пренесуваат дека Барселона ја изгубила трпеливоста и дека е уморна од чекање на Ансу Фати да се покаже.

„Барса Универсал“ објави дека за него постои интерес од Саудиска Арабија, што не е изненадувачки бидејќи во оваа земја сега купуваат и sвезди и помалку познати играчи.

Но, интересно во наводите на споменатиот медиум е тоа што Барселона би го пуштила дури и бесплатно, само за да се откаже од него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дејан Блажевски се врати по две години и покажа класа: Двапати стрелаше, а еден беше еврогол! (Видео)

Поранешниот фудбалер на Вардар, Дејан Блажевски повторно блесна на зелениот терен во дресо…