
Барселона покажува интерес за напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, објавува Gazzetta dello Sport. Неговиот договор со сегашниот тим истекува на крајот од сезоната, а каталонскиот гигант веќе бара заменик за Полјакот Роберт Левандовски.
Откако 25-годишниот фудбалер одби да го продолжи договорот со намалена плата, клубот од Торино го стави на трансфер листата ова лето, но не пристигнаа сериозни понуди за него и тој беше принуден да остане. Во моментот, Влаховиќ е во добра форма, и реализираше четири гола и направи една асистенција во четири натпревари од почетокот на сезоната.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Друг шпански клуб – Атлетико Мадрид, исто така ја следи ситуацијата околу српскиот репрезентативец, во случај да го напуштат Хулиан Алварес или Александер Сјорлот. Третиот тим кој е заинтересиран за него е Манчестер Јунајтед.