Напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид, ќе биде еден од најпосакуваните фудбалери следното лето, а за него сериозен интерес покажува Барселона.
Дејвид веќе неколку сезони игра на врвно ниво и сака да ја промени средината, а веќе влезе во последната година од договорот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Напаѓачот најави дека нема да ја продолжи соработката и ја игра последната година во Лил, па следното лето ќе биде слободен агент.
Таквата ситуација сакаат да ја искористат неколку европски гиганти, а фаворит за потписот е Барселона.
Дејвид ја избрал Барселона и веќе е во напредни преговори со каталонскиот гигант.