Дома Фудбал Барселона ја најде „жртвата“ за да го регистрира Олмо

Барселона ја најде „жртвата“ за да го регистрира Олмо

Барселона се мачи деновиве во обидот да го регистрира Дани Олмо до крајот на сезоната, а по неколку неуспешни обиди изгледа дека единственото решение е продажба на некој од првотимците. Се чини дека е познато кој на крајот ќе биде жртва во целата таа ситуација.

Дани Олмо од вчера официјално нема право да игра за Барселона бидејќи му истече регистрацијата, и каталонскиот клуб на сите можни начини се обидува да го регистрира Шпанецот.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Барселона веќе два пати се обиде да ги регистрира Олмо и Пау Виктор, но Ла Лига и двата пати ги одби барањата на Каталонците бидејќи сѐ уште не ги исполниле потребните услови.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона има рок до крајот на утрешниот ден да го реши проблемот со регистрацијата на овие двајца играчи, а доколку не успеат, Олмо и Виктор од 3-ти јануари ќе можат бесплатно да го напуштат клубот.

Сепак, и покрај големиот интерес за Олмо од клубови од Англија, тој нема намера да ја напушти Барселона, што го потврди и неговиот агент Енди Бара.

Медиумите во Шпанија денес пишуваат дека скоро сигурна жртва во целата оваа работа ќе биде данскиот дефанзивец Андреа Кристенсен, кој Барселона сака што побрзо да го продаде, и веќе го понудила овој играч на Јувентус.

Доколку Кристенсен ја напушти Барселона, тогаш Каталонците веднаш ќе добијат дозвола да го регистрираат Олмо постојано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти донесе радикална одлука по драмата на „Месталја“

Реал Мадрид во возбудлив натпревар славеше на „Месталја“ против Валенсија. „Кралевите“ во …