Дома Фудбал Барса со пресврт го победи Овиедо

Барса со пресврт го победи Овиедо

Во натпревар од 6. коло на шпанската Ла Лига, Реал Овиедо ја пречека Барселона, која тешко, но заслужено славеше со 3:1.

Домаќинот пружи силен отпор во фантастична атмосфера, а мечот започна така што Овиедо изведе четири корнери и постојано беше опасност за голот на Каталонците.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Рашфорд се заканува во 10. минута, но Аарон брилијантно брани. Потоа, Рафинја со удар од 25 метри ја погоди стативата, топката оди до Араухо, а Аарон го спасува Овиедо повторно. Овиедо поведе во 33. минута, кога Реина погоди и ги подигна сите на нозе.

Во продолжение пресврт на Барселона. Веќе на полувремето во игра влегува Френки де Јонг, а во 56. минута Ерик Гарсија изедначува на 1:1.

[twitter]https://x.com/tekkersfoot/status/1971315250814497095[/twitter]

Потоа во 65. минута влегува Левандовски, а искусниот Полјак само пет минути по влезот на асистенција од Де Јонг погодува за 2:1 и ја донесува големата победа на Барса. Сè потврдува Араухо со гол во 88. минута.

За Барса ова беше петта победа во лигата и повторно е на два бода зад Реал Мадрид, кој останува единствен со максимален учинок по шест кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандскиот голман на 43 години смени клуб

Поранешниот голман на Ајакс, Ремко Пасвер кариерата ќе ја продолжи во Хераклес. Искусниот …