
Марио Балотели веројатно ќе го остави својот голем сон неисполнивен.
Тој моментално индивидуално тренира додека чека нов клуб. На кој начин гледа на својот сон, објасни во интервју за „Газета“.
ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
„Мојот сон е да играм за Реал Мадрид,“ изјави Марио.
Но, да погледнеме реалистично.
„Барам тим кој ќе ми понуди доверба. Имам намера да играм уште две-три години. Потоа, сакам да играм со брат ми Енок.“
Енок е неговиот помлад брат кој моментално настапува во Серија Д.
„Тој сега игра за аматерскиот тим Вадо. Ќе видиме што ќе биде. Меѓутоа, му ветив дека ќе ја завршам кариерата играјќи со него.“
Интересно е што покрај фудбалот, Марио Балотели во последно време е посветен и на тајландски бокс.
„Во Англија запознав пријател кој тренира тајландски бокс и во јуни поминав речиси еден месец на одмор таму, тренирајќи со светскиот шампион Родтанг. Забавно е и ми годи. Навистина е тежок спорт.“
Дали следи натпревари од Серија А?
„Не гледам телевизија, не се информирам“, изјави тој.