Дома Фудбал Баерн во првиот полуфинален меч во ЛШ ќе биде без тренер – ова е причината!

Баерн во првиот полуфинален меч во ЛШ ќе биде без тренер – ова е причината!

Тренерот на Баерн, Венсан Компани, ќе го пропушти првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ поради три жолти картони што ги собра оваа сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Откако доби жолти картони за време на лигашките натпревари против Арсенал (1-3) и ПСВ Ајндховен (2-1), Компани го заработи третиот картон, кој води до автоматска суспензија за еден натпревар, во среда во натпреварот против Реал Мадрид.

Белгискиот тренер „пожолте“ поради протестите до судијата Славко Винчиќ по голот на Килијан Мбапе во 42. минута со кој Реал поведе со 3-2.

Во акцијата што му претходеше на голот на Реал, Антонио Рудигер го собори Јосип Станишиќ, а хрватскиот репрезентативец по натпреварот изјави дека Рудигер го навредувал. Винчиќ не досуди прекршок за Баерн, а откако гостите дадоа гол, му покажа жолт на Компани за протестите.

Кога го прашаа за суспензијата по натпреварот, тренерот на Баерн кусо изјави: „Ова правило за суспензија е премногу строго.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез: Не сакам односи со Барселона која две децении ги плаќа судиите

Тензиите меѓу Реал Мадрид и Барселона повторно се разгореа по завршувањето на сезоната во …