Дома Фудбал Баерн пронајде идеална замена за Хари Кејн?

Баерн пронајде идеална замена за Хари Кејн?

Баерн Минхен не може без Хари Кејн, но Англичанецот не може да игра на секој натпревар и затоа му е потребна соодветна замена во ротацијата.

Како што пренесува „Билд“, тоа би можел да биде – Џонатан Дејвид!

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Канаѓанецот летово станува слободен играч бидејќи му истекува договорот со Лил и нема да потпише нов.

Многу клубови го следат, најчесто се споменуваше Барселона, а дури и самиот Дејвид јавно изјави дека неговиот сон е да игра за каталонскиот клуб.

И да замине во Барселона, таму исто така би го чекала улога од клупата, бидејќи Роберт Левандовски сè уште е број еден за Ханси Флик, па практично истата улога му ја нуди и Баерн.

Сепак, разликата е во тоа што Баерн е во многу подобра финансиска позиција и сигурно му нуди подобри услови и бонуси за потпис на договор.

Дејвид е свесен дека во ниту еден голем клуб не може да очекува веднаш да биде стартер, откако доаѓа од Лил, затоа е многу важно да ја избере вистинската средина.

Баерн сигурно му нуди борба за трофеи, но и значително помала минутажа во клучните натпревари, кога Кејн е здрав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го победи Атлетико Мадрид и останува лидер

Тимот на Барселона тешко го совлада Атлетико Мадрид со 3:1 како домаќин во натпревар од Ла…