Дома Фудбал Баерн може да изгуби еден од клучните фудбалери, Арсенал започнал преговори!

Баерн може да изгуби еден од клучните фудбалери, Арсенал започнал преговори!

Џошуа Кимих, играч од средниот ред на Баерн Минхен, може да стане слободен играч на крајот од оваа сезона, бидејќи преговорите за продолжување на договорот меѓу него и клубот се заглавија.

Баерн, според пишувањата на германските медиуми, ја повлече својата понуда за нов договор поради оклевањето на Кимих да потпише.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Оваа ситуација привлече внимание на неколку врвни европски клубови, вклучувајќи ги Арсенал, Ливерпул, Манчестер Сити, Реал Мадрид и Барселона, кои се заинтересирани за доведување на Кимих без обештетување.

Сепак, во овој момент, се чини дека одличниот фудбалер е првата мета на Арсенал кои бараат засилувања во средниот ред, имајќи ги предвид можните заминувања на Томас Парти и Жоржино, и тие „Топџиите“ веќе започнаа сериозно да ја испитуваат ситуацијата.

Иако Кимих беше клучен играч за Баерн и под тренерската палка на Винсент Компани, несигурноста околу неговиот договор отвора можност за негово заминување.

Останува да се види дали Баерн и Кимих ќе постигнат договор или тој дефинитивно ќе побара нова средина во некој од заинтересираните клубови, но секако нè очекува интересно лето кога станува збор за продолжување на кариерата на Џошуа Кимих.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Александар Трајковски има нов клуб!

Александар Трајковски (33) е новиот член на клубот Локомотива. Иако официјално претставува…