Дома Фудбал Баерн гаази, но Компани размислува и на засилувања – има три желби за јануари!

Баерн гаази, но Компани размислува и на засилувања – има три желби за јануари!

Тимот на Баерн прикажува извонредна форма оваа сезона и во Лигата на шампионите и на домашната сцена, сјаејќи на секој чекор, но природно е да размислуваат и за иднината. 

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Скаутите се распоредени насекаде низ светот, но најголемо фасцинирање покажуваат оние кои работат во Јужна Америка. 

Дури и раководителот на скаутинг службата, Нилс Шматке, отпатувал во Јужна Америка, насочувајќи се кон тројца играчи. 

Првиот на листата е 19-годишниот крилен напаѓач Рајан од Васко да Гама, кој е интересен и за Барселона и има откупна клаузула од 40 милиони евра. Втор на списокот е играчот на Сантос, левиот бек Соуза. 

Третиот фудбалер е Тобиас Андрада од Велез Сарсфилд, 18-годишен играч од средниот ред кој има важечки договор до 2029 година со ослободителна клаузула од 14 милиони евра. 

Сите тројца ќе бидат на мета во јануари, но Баварија ќе се соочи со жестока конкуренција. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаос во Меделин: Навивачи ја нападнаа полицијата и запалија половина стадион (Видео)

Страшни сцени на хаос и насилство се случија ноќеска во Меделин, каде што требаше да се иг…