Дома Топ вести Aнри за гостувањето во Босна: Јадев ќебапи, музиката многу ми се допаѓа

Aнри за гостувањето во Босна: Јадев ќебапи, музиката многу ми се допаѓа

Француската легенда Тиери Анри дебитираше на клупата на младинската селекција на Франција во натпреварот против Босна во Сараево. Французите славеа победа со гол во 92. минута.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Триколорите“ погодија за 1:2 во судиското продолжение и на многу тежок начин ја оправдаа фаворитската улога. Но, гостувањето на Анри во Сараево не е некоја новост.

Сопругата на Анри е родена во Босна, па сега тој ги посетил нејзините родители.

„Бев кај родителите на сопругата, јадевме ќебапи, но не можев да претерувам. Бев сконцентриран на натпреварот следниот ден. Мојата сопруга е од Босна и добро ја познавам културата на оваа земја. Ми се допаѓа и фолк-музиката. Не знам да играм, но мелодијата е одлична“, изјави Анри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арбелоа: Јас сум виновен за тепачката меѓу Чуамени и Валверде

Алваро Арбелоа изјави дека ја презема одговорноста за инцидентот меѓу соиграчите Федерико …