Серхио Агуеро на крајот од сезоната би можел да си замине од Манчестер Сити.
На аргентинскиот напаѓач му истекува договорот и после 10 години веројатно ќе си замине. Некое време се шпекулира за можните опции за Агуеро.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега „Кадена Сер“ објави дека Агуеро е заинтересиран за преминување во Барселона, наводно тој веќе разговарал со кандидатите за претседател на Барселона и сака да се пресели на „Ноу Камп“.
Секако, тоа би значело дека ќе треба да се согласи на многу помала плата од онаа која ја добива во Сити. Барселона е во огромни финансиски проблеми и тешко дека можат да дадат голем договор на уште некој фудбалер.
Ќе биде интересно да се види дали Агуеро ќе заврши на „Камп Ноу“. Агуеро е добар пријател и со Меси, а тоа може да влијае на желбата на Меси да го продолжи договорот со Барселона.