Дома Фудбал Атлетико Мадрид добива засилување за реваншот со Реал Мадрид

Атлетико Мадрид добива засилување за реваншот со Реал Мадрид

Атлетико Мадрид влегува во клучниот дел на сезоната, а Диего Симеоне доби добри вести пред дуелот со Реал Мадрид.

Од денес на екипниот тренинг се Коке и Цезар Аспиликуета, кои треба да бидат подготвени до следната среда кога Атлетико го пречекува најголемиот ривал.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ова значи дека Симеоне потенцијално би можел да ги има сите играчи на располагање во походот кон четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Атлетико Мадрид има гол заостанување против Реал и брка резултат 1:2, а исто така и Барселона во Ла Лига, зад која заостанува еден бод.

Исто така, Атлетико ја пречекува Барса во реваншот на полуфиналето на Купот на кралот, почетокот на април, така што ова се сигурно добри вести за Диего Симеоне пред клучниот дел од сезоната.

Натпреварот Атлетико Мадрид – Реал Мадрид е на програмата во среда во 21:00 часот, а веднаш потоа, во сабота на 16 март на „Метрополитано“ пристигнува и Барселона во дербито од Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“: Веќе се најавува кој би можел да го наследи Хамилтон во Ферари!

Луис Хамилтон со големи надежи премина од Мерцедес во Ферари, но и покрај тоа, во 14 трки …