Дома Фудбал Aстон Вила со понуда до ПСЖ во обид да го задржи Асенсио

Aстон Вила со понуда до ПСЖ во обид да го задржи Асенсио

Англискиот клуб Aстон Вила подготвува понуда од 20 милиони евра за обештетување на ПСЖ, во обид да го задржи играчот од средината, Марко Асенсио, кој минатата пролет ја мина како позајмен играч во нивниот тим. Според британските медиуми, шпанскиот репрезентативец веќе има договор за тригодишна соработка со Вила, и сега се чекаат реакции од ПСЖ на доставената понуда. Неговиот договор со францускиот клуб истекува во јуни наредната година.

Tренерот на европскиот првак од 1982 година, Унаи Емери, е голем обожувател на Асенсио и верува дека шпанскиот средишен играч носи разновидност во нападот на Вила. Во пролетниот дел од минатата сезона, Асенсио постигна осум голови и направи една асистенција во дресот на Астон Вила. Својата кариера ја започна во Мајорка, и кога имаше само 19 години, премина во Реал Мадрид.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


“Кралевите” го испратија на позајмица во Еспањол, а во летото 2016 година се врати во Реал, каде одигра 286 натпревари, забележувајќи 61 погодок и 32 асистенции. По седум години во Реал, во 2023 година како слободен играч се пресели во ПСЖ. Но, во клубот од Париз неговите минути на терен беа ограничени, поради што вториот дел од сезоната го помина во англискиот тим. За шпанската репрезентација собра 38 настапи, при што двапати се запиша во листата на стрелците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ве нервира ВАР технологијата? Тоа што се подготвува сигурно нема да ви се допадне!

Хауард Веб, првиот човек на професионалните судии во Англија (PGMOL), најави драстични про…