Дома Фудбал „АС“ пишува: Белингем не се вклопува во визијата на Алонсо

„АС“ пишува: Белингем не се вклопува во визијата на Алонсо

Сезоната на Џуд Белингем (22) во Реал Мадрид личи на возење на ролеркостер. Откако летоска имаше операција од рамо, тренерот Чаби Алонсо брзаше со неговото враќање на клучниот дерби натпревар против Атлетико, но експериментот неуспешно пропадна. Од тогаш, англиската ѕвезда се соочува со неочекувани проблеми и тактички дилеми, а неговата улога во тимот стана предмет на дискусија, пишува АС.

Тешкиот пораз на „Метрополитано“ (5:2) беше првиот сериозен удар за Реал оваа сезона, но малкумина слутеа дека тоа ќе биде почеток на спортска криза за Белингем. До неговото враќање, Мадрид редеше победи, седум во седум натпревари, повеќе благодарение на резултатите отколку на блескава игра, но тимот функционираше без Англичанецот кој се опоравуваше од операцијата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од враќањето на теренот, Белингем не успеа да го повтори впечатокот на “тотален” играч кој го фасцинираше светот по астрономскиот трансфер од Дортмунд вреден 103 милиони евра, со можни бонуси од 30 милиони. Во првата сезона совршено се вклопи во системот без класичен напаѓач по заминувањето на Бензема, каде што ја искористи својата најголема доблест, влегувањата во противничкиот шеснаесетник.

Но, Реал го доведе како средишен играч, што најверојатно ја одложи потрагата за наследници на Крос и Модриќ. Неговиот стил, кој е на пола пат меѓу средината и нападот, се покажал како тактички предизвик за Чаби Алонсо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Додека Салах е во Африка, неговата судбина на Енфилд конечно е решена!

Иднината на Мохамед Салах во Ливерпул стана главна тема на разговор порано овој месец, сè …