
РЕАЛ го совлада Атлетико со 2:1 во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп кој се играше во Саудиска Арабија. Вниманието на ова градски дерби го привлече вербалната конфронтација помеѓу ѕвездата на Реал и тренерот на Атлетико.
Од Атлетико изјавуваат дека конфликтот го започнал Винисиус со провокации упатени кон Симеоне и клупата на Атлетико, откако Бразилецот побара пенал по еден дуел. Според нив, Винисиус се обратил кон клупата на Атлетико со зборови кои ги разбесниле неговите противници: “Смирено, ќе досудат пенал”, рекол Винисиус, тврдат од Атлетико.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Во тој момент, Симеоне ги повикал играчите да продолжат со играта, но среде дискусијата изговорил зборови за иднината на Винисиус кои камерите ги забележале: “Флорентино (Перез, претседател на Реал, забелешка на уредникот) ќе те отстрани. Запомни го тоа.”
АС: Сцена која трогнува
Конфликтот се продолжи во второто полувреме при замената на Винисиус во 81-та минута. Симеоне му се обрати уште еднаш, нагласувајќи дека свирежите од трибините се наменети за него. Винисиус бурно реагираше, што предизвика расправа помеѓу клупите. Во конфликтот се вклучи и тренерот на Реал, Чаби Алонсо, кој го навредуваше Симеоне.
АС објави видео снимка направена откако Винисиус седнал на клупата и ја опишаа вака: “Протече снимка на Винисиус по конфликтот со Симеоне и видеото е потресно. Се гледа како неговите соиграчи го утешуваат, додека е видливо вознемирен. Винисиус е свесен дека е далеку од неговата најдобра форма.” На снимката може да се види како Рудигер го теши и прегрнува Винисиус, по што Бразилецот ја закопува главата во дланките.