Дома Фудбал Артета по триумфот над Реал: Исклучително сум горд на моите момци

Артета по триумфот над Реал: Исклучително сум горд на моите момци

Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, изјави дека е исклучително горд на својот тим по победата во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид и додаде дека неговите играчи одиграа многу организирано на тој дуел.

„Исклучително сум горд на мојот тим. Имавме многу комплетен настап, колективно, и тоа ви е потребно во смисла на организација. Направивме што требаше за да доминираме во натпреварот и да му создадеме проблеми на Реал. Атмосферата беше еден од факторите за победата, играњето со таа енергија и посветеност со навивачите прави голема разлика”, наведе Артета на прес-конференцијата во вторникот, а пренесе Би-Би-Си.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Арсенал на својот терен во Лондон го совлада Реал Мадрид со 3:0, во првиот натпревар од двомечот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Фото: Arsenal/FB.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чаби Алонсо добил целосно одврзани раце да ја остави на клупата секоја од ѕвездите на Реал Мадрид.

Раководството на Реал Мадрид му изрази целосна доверба на тренерот на тимот Чаби Алонсо и …