Дома Фудбал Артета нема повеќе време: Ѕвезда на Ливерпул во неверојатен трансфер се сели во Арсенал

Артета нема повеќе време: Ѕвезда на Ливерпул во неверојатен трансфер се сели во Арсенал

Неверојатни вести пристигнуваат од Англија, а се однесуваат на Арсенал и големата ѕвезда на Ливерпул која следното лето треба да биде во главната улога.

Арсенал оваа зима „флертуваше“ со многу напаѓачи, а на крајот се обиде да ја доведе ѕвездата на Астон Вила, Оли Воткинс.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Топчиите“ испратија понуда за Воткинс, но таа беше одбиена од Астон Вила, и тука заврши обидот на Артета да доведе нов напаѓач.

Со оглед на тоа дека оваа зима не доведоа нов напаѓач, јасно е дека тоа ќе биде главна цел на Микел Артета и Арсенал следното лето.

Според англиските медиуми, Арсенал е во преговори со Ливерпул околу трансферот на Диого Жота, кој следната сезона треба да игра на „Емирати“.

Жота би можел да ги реши проблемите на Топчиите кога станува збор за постигнување голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул спреми 70 милиони за Гринвуд

Мејсон Гринвуд, кој претходно беше дел од Манчестер Јунајтед, сега блеска во француската л…