Дома Фудбал Арсенал се договори со Сака за нов договор

Арсенал се договори со Сака за нов договор

Букајо Сака договори продолжување на својот договор со Арсенал за уште пет години, пренесува “Атлетик”.

Сегашниот договор на англискиот репрезентативец истекува во јуни 2027 година, но според британскиот медиум, “топчиите” му понудиле нова спогодба со подобри услови, што ќе го задржи во лондонскиот фудбалски клуб до 2031 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


24-годишниот Сака е продукт на академијата на Арсенал и за своите осум сезони со првиот тим има постигнато 77 гола во 290 натпревари. Изминатите месеци, клубот од главниот град ги продолжи договорите со неколку важни фудбалери, вклучувајќи ја парот во центарот на одбраната Вилијам Салиба и Габриел Магалаеш, како и уште двајца таленти од академијата, кои се дел од првиот тим – Итан Нуанери и Мајлс Луис-Скели.

Арсенал е лидер на табелата во Премиер лигата со 49 поени, на 6 пред Манчестер Сити и Астон Вила. Овој викенд тимот на Микел Артета гостува кај Портсмут во третото коло од ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…