Дома Фудбал Арсенал и Тотенхем имаат нов рок за трансфер на Езе, бидејќи во трката се вклучи уште еден клуб

Арсенал и Тотенхем имаат нов рок за трансфер на Езе, бидејќи во трката се вклучи уште еден клуб

Мали се шансите Езе ова лето да остане во Кристал Палас, а најмногу се споменуваше дека неговиот нов дом ќе биде Емирати и Арсенал.

Тотенхем беше некако срамежлив во трката цело време, а сега овие два клуба добија рок до кој треба да го завршат трансферот.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Освен тоа, уште еден клуб се вклучи во борбата за потписот на Езе и тоа многу може да ги наруши плановите пред сè на Арсенал.

Во последните три сезони Езе постигна 29 голови и е еден од најдобрите англиски играчи за врска, па јасно е зошто многу клубови сакаат да го доведат.

Езе му помогна на Кристал Палас да го освои ФА Купот, но оваа екипа ќе игра во Конференциската лига наместо во Европската лига наредната сезона.

Причината за тоа е што истиот сопственик го имаше и Кристал Палас, но и Лион, па предност доби Лион.

Ливерпул, според тврдењата на Фабрицио Романо, е во преговори со Кристал Палас за трансферот на нивниот капитен, Марк Геји. Трансферот би требало да изнесува околу 50 милиони евра.

Разликата меѓу неговата и ситуацијата на Езе е тоа што Геји е во последната година од договорот.

Од друга страна, Езе има уште две години од договорот и откупна клаузула од 78.6 милиони евра.

Како што пренесуваат медиумите од Англија, оваа клаузула истекува во петок, 15 август, па Арсенал и Тотенхем добија 48 часа да го завршат трансферот доколку не планираат да платат многу повеќе пари за овој играч.

The Telegraph тврди дека ова донесе нови компликации за двата клуба, а компликација е и тоа што во сето се вклучи Newcastle.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Славниот англиски фудбалер ја остави својата девојка поради професијата, реагираше и полицијата

Поранешниот англиски репрезентативец и фудбалер на Ливерпул и Њукасл, Енди Керол, ја преки…