Дома Фудбал Арсенал го победи Атлетико, ПСЖ го порази Леверкузен

Арсенал го победи Атлетико, ПСЖ го порази Леверкузен

Арсенал постигна импресивен успех со 4:0 против Атлетико Мадрид во натпревар од третото коло на главната фаза од Лигата на шампиони.

Двата тима играа релативно изедначени во првите околу 55 минути, по што домаќините се распалија и во рок од 13 минути постигнаа четири гола во мрежата на Јан Облак.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Прецизни за “топџиите” беа Габриел Магаљаеш (57’), Габриел Мартинели (64’) и Виктор Ѓокереш (67’, 70’). Ова беше осма чиста мрежа за Арсенал во одиграните 11 натпревари во сите турнири досега од почетокот на сезоната.

Пари Сен Жермен одигра уште еден импресивен натпревар во Лигата на шампиони и го разби Бајер Леверкузен со убедливо 7:2 како гостин во натпревар од третото коло на групната фаза од турнирот.

Манчестер Сити забележа комотна победа со 2:0 на своето гостување кај Виљареал со головите на Бернардо Силва и Халанд.

Наполи беше поразен од ПСВ со 6:2, додека Интер забележа лесна победа на гостувањето во Белгија со 4:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато со кој меч ќе се отвори Мундијал 2026

Ждрепката за групната фаза на Светското првенство наредната година ги одреди Мексико и Јуж…