Дома Останати Кошарка Аринас со „шлаканица“ за Јокиќ: Не е ни блиску до МВП – ова се празни бројки

Аринас со „шлаканица“ за Јокиќ: Не е ни блиску до МВП – ова се празни бројки

Поранешниот американски кошаркар Гилберт Аринас даде коментар на одличните настапи на Никола Јокиќ и слабите резултати на Денвер Нагетс.

Јокиќ доминира на терените на најсилната кошаркарска лига во светот со денови и постигна 104 поени во два меча.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Јокиќ, кој беше најдобриот играч на Западот во третата недела на сезоната, просечно постигнуваше по 42,3 поени со 15 скока, 8,3 асистенции и 3 украдени топки, но Денвер победи во две од четири средби.

„Мајкл Џордан имаше историска сезона со просек од 37 поени… Не си ни блиску до МВП-титулата, а слично беше и кога Коби го направи истото. Секој во слаб тим може да има многу добра статистика, но последниве триесетина години не наградуваме индивидуални игри. Тоа го гледаме секоја година, секогаш има некој играч кој игра во слаб тим и постигнува луди статистики, а тоа се празни бројки. Тоа нема никаква смисла”, рече Аринас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јанакопулос сакаше да се тепа со навивачи, па ѝ бегаше на полиција преку гаража (Видео0

Контроверзниот претседател на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, успеа да избега од полиц…