Дома Фудбал Арбелоа по дебаклот во Купот кажа кој е одговорен за новиот срам на Реал Мадрид

Арбелоа по дебаклот во Купот кажа кој е одговорен за новиот срам на Реал Мадрид

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, одржа прес-конференција во клупскиот центар пред натпреварот од 20-то коло на Ла Лига против Леванте којшто ќе се одигра во сабота во 14 часот. Реал оваа недела шокантно испадна од Копа дел Реј со пораз од тимот од втора лига Албасете. Ова беше прв тренерски меч на Арбелоа како главен тренер на Реал.

„Сконцентрирани сме и полни со енергија и желба да одиграме натпревар што е клучен. Сакаме да се вратиме на нашиот стадион и да ја продолжиме борбата за Ла Лига. Сакаме да ја потврдиме мотивацијата со одличен натпревар”, изјави Арбелоа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Имам голема почит за мислењето на Бернабеу. Разбирам дека навивачите се повредени и разочарани, но ќе барам од нив поддршка за моите играчи. Големи подвизи се постигнуваат кога Бернабеу е на страна на своите играчи. Ќе барам од нив да бидат со нас, да ни дадат поддршка и се надеваме дека оваа сезона ќе заврши како што посакуваме.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Му истекува договорот, Хари Мегваер во Серија А!

Според италијанските медиуми, стоперот на Манчестер јунајтед Хари Мегваер нема да го продо…