Дома Фудбал Арбелоа нема да остане тренер на Реал Мадрид, Перез подготвува големо изненадување!

Арбелоа нема да остане тренер на Реал Мадрид, Перез подготвува големо изненадување!

Алваро Арбелоа со извесност ќе се раздели од функцијата тренер на Реал Мадрид на крајот на сезоната, но малкумина можат да предвидат кој ќе биде на листата на желби на Флорентино Перез за следната сезона.

Перез минатото лето реши да му се заблагодари на Карло Анчелоти и на неговото место го донесе Чаби Алонсо, но тој потег не се покажа како најуспешен.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Иако Алонсо беше виден како млада надеж за иднината на Реал Мадрид, неговиот престој на клупата на „Кралскиот клуб“ прекина по нешто повеќе од половина година.

Претседателот на Реал изненади кога среде јануари го соопшти заминувањето на Алонсо како тренер, а крајниот удар за младиот тренер беше поразот во финалето од шпанскиот Суперкуп против Барселона.

На негово место како привремено решение, на клупата дојде Алваро Арбелоа, но јасно е дека неговиот престој ќе трае само до крајот на сезонава.

Иако Арбелоа има амбиции да остане тренер, малку се шансите за тоа, бидејќи Перез и неговите соработници веќе неколку недели активно бараат нов тренер.

Се шпекулираше дека Јурген Клоп ќе го преземе Реал, но сепак, се чини дека германецот го одби повикот на Перез со одлука дека засега не е подготвен да управува со „Кралевите“.

И покрај тоа, денеска се појави вест дека Масимилијано Алегри, кој моментално ја води екипата на Милан со доста успех, е меѓу кандидатите за нов тренер на Реал Мадрид.

Објавата од Corriere dello Sport наведува дека Реал Мадрид започнал да се интересира за Алегри и не се исклучува искусниот италијански стратег да ја преземе упралата на „Кралскиот клуб“ на крајот на оваа сезона.

Ова не е првпат Перез да пројави интерес за Алегри, бидејќи тие имаа договор уште во 2021 година, но италијанецот избра да оди во Јувентус.

Перез увиде дека доаѓањето на Клоп е несигурно и сака да има резервен план, а тоа е токму Алегри.

Алегри се врати на чело на Милан пред почетокот на оваа сезона со договор што му истекува во летото 2027 година.

Неговата тренерска кариера започна во Аквилиансе, а ги водеше уште СПАЛ, Гросето, Лече, Сасуоло, Каљари и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Реал бесни на Винисиус: Пеп и Клоп никогаш не би го трпеле ова!

Веќе извесен период, Винисиус предизвикува негативни реакции кај навивачите на ривалите на…