Дома Фудбал Ансу Фати оваа зима одби четири понуди, сега е лут на Барселона?

Ансу Фати оваа зима одби четири понуди, сега е лут на Барселона?

Каталонските медиуми го разгледуваат неговиот статус и истакнуваат дека Ансу Фати направи најголем проблем со одлуката да не го напушти клубот зимава.

Имено, Фати наводно имал четири примамливи понуди, меѓу нив и од Саудиска Арабија, но ги одбил во желба да се наметне на Ханси Флик.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Неверојатен податок е дека, иако Фати е целосно здрав, последните минути во дресот на Барселона ги запиша на 4 јануари во Купот на кралот против понизок ранг тимот Барбастра.

Ханси Флик му порача неколку пати дека мора да го промени пристапот кон тренинзите, што Шпанецот и го направи, но конкуренцијата е преголема.

Имено, неговиот татко преку агентот Жорж Мендеш изјави дека се изразито лути што Фати не добива шанса и што е тек шеста или седма опција во нападот кај Ханси Флик, па сега разделбата е неизбежна.

Објективно, Феран Торес и Фермин Лопес го направија својот дел од задачата како играчи во ротација, од клупата, и јасно е дека за Фати нема место дури ни меѓу замените.

Уште потажен е податокот дека пазарната вредност на Трансфермаркт денес е само 10 милиони евра, иако има само 22 години и некогаш беше најголемиот дијамант на Барселона. 

Фати има договор до летото 2027 година и е меѓу најплатените во тимот, па не е чудо што Барселона сака да се ослободи од него по секоја цена…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед доаѓа од Серија А!

Како што пренесуваат италијанските и британските медиуми, Рубен Аморим ќе го напушти корми…