Дома Фудбал Анонимус го побара дресот од Гулер, па следеше реакција за паметење (Видео)

Анонимус го побара дресот од Гулер, па следеше реакција за паметење (Видео)

Понеделник вечерта беше незаборавна за играчите на Депортиво Минеира. Одигран беше меч против славниот Реал во Купот на Кралот, каде го исполнија својот сон и загубија со 0-5, а ноќта особено ќе ја памети Омар Пердомо.

Арда Гулер беше една од ѕвездите на натпреварот. Најмногу поради двата гола кои ги постигна и така на Карло Анчелоти му покажа дека може сериозно да се смета на него.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Турскиот играч од средниот ред повторно ја потврди својата вредност и максимално ја искористи својата минутажа.

Но, освен поради двата постигнати гола, младиот турски играч од среден ред исто така беше главен на теренот поради друга причина.

Турскиот играч од среден ред на полувремето на натпреварот се соочи со необично прашање затоа што еден од играчите на Депортиво побара дрес, а тоа беше Пердомо.

Гулер се согласи на размена на дресови, но имаше еден услов за тоа. Пердомо требаше да му го даде неговиот, што го изненади играчот на Депортиво.

„Отидов кај него да побарам дрес и тој ми го даде. Потоа се изненадив кога тој го побара мојот. Тоа е многу убава споменка која ќе ја чувам секогаш“, рече Пердомо.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Некогаш беше ѕвезда на Реал, а сега на 29 години ќе го има последниот обид да ја спаси кариерата

Деле Али (29) се подготвува за скоро враќање во професионалниот фудбал. Поранешната ѕвезда…