
Јошуа Кимих сè уште не одлучил дали ќе го продолжи договорот со Баерн или ќе бара нов предизвик следното лето кога му истекува договорот со Баварците.
Кимих веќе месеци наназад е во центарот на вниманието бидејќи во Баерн веруваа дека без проблеми ќе се договорат со него за продолжување на соработката, но тој ги остави без зборови кога му испратија понуда за продолжување на договорот.
Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓
Овој 30-годишник го одби првиот предлог на Баерн и порача дека му треба време да размисли за тоа и дека тек во завршница на сезоната ќе објави одлука.
Англиските медиуми наведуваат дека раководството на Арсенал веќе му понудиле на Кимих опција да дојде во лондонскиот клуб, но тој ги разочарал со својот потег и одговор.
Кимих не сакал ни да ја слушне понудата што Арсенал ја има за него и одбил да разговара со „Топчиите“, што ги изненадило негативно нив и сметаат дека тоа не бил баш убав потег на играчот од средниот ред на Баерн.