Дома Фудбал Aнчелоти за судењето против Еспањол: Барем објаснување!

Aнчелоти за судењето против Еспањол: Барем објаснување!

Карло Анчелоти потврди пред медиумите дека целосно се согласува со соопштението на клубот за судискиот критериум. Тоа беше напишано на четири страници и упатено до Шпанската фудбалска федерација по натпреварот против Еспањол, а суштината е дека мадридскиот клуб се чувствува измамен поради судиските грешки.

Да потсетиме, тимот од Барселона во 22. коло на шпанската Ла Лига победи со 1:0, а единствениот гол го постигна Карлос Ромеро во 85. минута од дуелот. Ситуацијата што предизвика најмногу полемики се случи во 60. минута, кога токму стрелецот на победничкиот гол Ромеро направи прекршок над Килијан Мбапе, за што доби жолт картон, а во редовите на Реал бараа директен црвен картон.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Реал Мадрид по натпреварот беше гневен на одлуките на судиите, па во понеделник официјално се пожали на судиските грешки до Шпанската фудбалска федерација. Во писмото беше наведено дека случувањата на натпреварот против Еспањол „ги надминуваат сите граници на човечка грешка или судиска интерпретација” и дека „оваква манипулација веќе не може да се игнорира“.

Од Федерацијата одговорија дека „длабоко жалат за тонот и сериозноста на обвинувањата што го доведуваат во прашање интегритетот на судиското тело и самото функционирање на натпреварувањето“. „Судењето е предмет на проверки и анализи, но тоа не смее да води до обвинувања што го доведуваат во прашање интегритетот, што не само што влијае на судиите туку и ја нагризува веродостојноста на самиот фудбал“, порачаа.

„Бараме објаснување. Не е направено ништо за заштита на интегритетот на фудбалерите. Не бараме ништо повеќе од тоа да се изјаснат за она што се случи. Ако не биде објаснето, тоа значи дека имаме проблем. Ако постои проблем, мораме да го решиме. Целосно се согласувам со пораката на клубот“, рече Анчелоти и додаде:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Не помага ниту ВАР: Поништен чист гол во Премиерлигата (Видео)

Официјално е потврдено дека на српскиот фудбалер Никола Миленковиќ неправедно му беше пони…