Дома Фудбал Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без трофеј

Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без трофеј

Реал Мадрид оваа сезона веќе освои УЕФА Суперкуп и Интерконтинентален куп, но овие трофеи не се доволни за да може мирно да го чека крајот на сезоната. Шпанците пишуваат дека Реал ќе му даде отказ на Анчелоти ако на крајот на сезоната не освои трофеј од Лигата на шампионите, Ла Лига или Кралскиот куп.

Ако Реал не успее да освои некое од овие натпреварувања, Анчелоти ќе го напушти клубот и покрај договорот што го има за следната сезона. „Релево“ пренесува дека неговиот наследник во клубот треба да биде Чаби Алонсо. Во Баер, актуелниот клуб на Алонсо, се свесни за плановите на Реал. Шпанците пишуваат дека има договор меѓу двата клуба според кој Алонсо ќе може да замине ако Реал го повика.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Анчелоти моментално е во својот втор мандат на чело на Реал. На клубот му донесе две титули во шпанската лига, три во Лигата на шампионите и вкупно 15 трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рабио во Париз доби една од најбруталните пораки досега: Каква мајка, таков син…

Фудбалерот на Марсеј, Адриен Рабио доби брутални навреди за време на натпреварот против не…