Дома Фудбал Аморим: За два месеци во Јунајтед остарев 10 години

Аморим: За два месеци во Јунајтед остарев 10 години

Фудбалерите на Манчестер јунајтед синоќа го совладаа како гостин Фулам со 1:0 во натпревар од 23. коло на Премиер лигата, но самиот меч не понуди многу возбудувања.

Единствениот гол на средбата го постигна аргентинскиот дефанзивец Лисандро Мартинез во 78. минута, а гостите од Манчестер покажаа малку нешта кои би можеле да се карактеризираат како добра и квалитетна игра.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Триумфот над Фулам е најдобриот подарок за менаџерот Рубен Аморим кој вчера го прослави својот 40-ти роденден.

Немам 40, туку 50 години. За два месеца во Манчестер јунајтед остарев 10 години, но ми е мило што сум тука и што со овие луѓе можам да го прославам мојот роденден“, изјави Аморим.

Манчестер јунајтед во последните четири дена оствари две важни победи, прво против Ренџерс во Лига Европа, а сега и против Фулам во Премиер лигата каде што е на 12-то место со 29 освоени бодови од 23 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…