
Рубен Аморим воведе ново правило за играчите на Манчестер јунајтед, а медиумите во Англија тврдат дека тоа веќе дава добри резултати.
Аморим не измисли ништо ново, но очигледно „погоди“ каде што треба.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Од почетокот на подготовките, тимот кој губи во мини-натпреварите одиграни на тренингот мора да ја собере сета опрема на крајот на денот.
Аморим дојде во тешка ситуација, но сега има можност да ја води сезоната од почеток, вклучувајќи ги и подготовките спроведени онака како што тој сака.
Наводно, има големи очекувања од сите играчи. Лук Шо кажа дека за Аморим не е важно како се вика играчот, важно му е само секогаш да го дава најдоброто од себе.
Ова правило добро се вклопува во таа приказна. Аморим во него најде начин да ги натера играчите да бидат натпреварувачки настроени во секој момент.
„Сите сакаат да бидат во тимот кој победува, никој не сака да ја собира опремата на крајот. Сите ја донесуваат опремата на теренот, никој не сака да ја отстранува“, кажа младиот Тоби Колиер за Атлетик.
Фото: Grok AI