Дома Фудбал Aморим е на чекор да сруши рекорд на Сер Алекс Фергуон, но нема да се прослави

Aморим е на чекор да сруши рекорд на Сер Алекс Фергуон, но нема да се прослави

Веќе во првата сезона на клупата на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим е дојден на чекор од рушење на рекордот што го држи легендарниот Алекс Фергусон.

Иако негативен.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Ако „црвените ѓаволи“ не ја прекинат серијата на лоши резултати во првенството и не успеат да дојдат до победа против Челси во петок (21:15), Португалецот ќе се најде на врвот на несаканата листа.

Тоа би било осмиот врзан натпревар без триумф за тимот од Олд Трафорд, со што поранешниот шеф на стручниот штаб на лисабонски Спортинг би го соборил рекордот според мислењето на многумина најголемиот менаџер во историјата на фудбалот.

Во своите почетоци на северот на Англија, Шкотот во еден момент беше без победа на седум врзани натпревари.

Од 19 септември до 21 ноември 1992 година, Јунајтед прво запиша пет ремија по ред (Тотенхем, КПР, Мидлсбро, Ливерпул, Блекбурн), а потоа загуби од Вимблдон и Астон Вила.

Прекин на непријатната серија дојде на „театарот на соништата“, каде што со 3:0 беше лесно совладан Олдам Атлетик.

Меѓутоа, спротивно на Аморим, Фергусон во првата сезона на Премиер лигата ја освоил титулата со дури 10 бодови предност во однос на второпласираната Вила, со само два порази во преостанатите 26 кола.

Тешкото гостување во Лондон значи дека Јунајтед во комбиниран состав најверојатно ќе остане без целосниот плен, а поранешниот тренер на Брага и Спортинг извесно ќе биде запаметен и по овој негативен параметар.

Фото: Manchester United/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Јамал е одличен, но не може да се спореди со Марадона и Меси“

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Фабио Капело, смета дека Ламин Јамал треба да ја освои …