Дома Фудбал Амбициозен потег: Интер Мајами ангажира сонародник на Меси

Амбициозен потег: Интер Мајами ангажира сонародник на Меси

Интер Мајами, клубот каде што настапува Лионел Меси, планира да испрати официјална понуда за аргентинскиот репрезентативец Родриго Де Пол, објави аргентинскиот спортски медиум „Diario Olé“.

Со овој потег, американскиот клуб ја потврдува својата амбиција да создаде силен и конкурентен тим во МЛС, градејќи го околу Меси и потенцијално дополнувајќи го со уште еден клучен играч од „златната генерација“ на Аргентина.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Де Пол, кој моментално игра за Атлетико Мадрид, има важна улога и во клубот и во националниот тим. Засега не е познато дали „јорганџиите“ се подготвени да се разделат со него, но понудата од Интер Мајами би можела да биде привлечна, особено ако играчот е заинтересиран за нов предизвик и повторно обединување со Меси.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лука Модриќ има нов клуб: Нема потреба да го претставиме, доаѓа во август

Ако постоеше каква било надеж дека Лука Модриќ би можел да ја продолжи кариерата во Реал М…