Дома Останати Ракомет Алкалоид пред голем предизвик: Во квалификациите за Европската лига го доби најтешкиот противник!

Алкалоид пред голем предизвик: Во квалификациите за Европската лига го доби најтешкиот противник!

Екипата на Алкалоид ќе има исклучително тежок предизвик на патот кон групната фаза од Европската лига, откако ждрепката ѝ го додели најнезгодниот можен ривал – бундеслигашот Хановер. За разлика од нив, македонскиот шампион Вардар директно се најде во групната фаза.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Судбината не беше наклонета на македонскиот претставник, бидејќи Хановер важи за еден од најсилните тимови што беа во понудата за квалификациската фаза.

Избраниците на Кире Лазаров првиот меч ќе го одиграат на домашен терен на 30 или 31 август, а реваншот ќе се игра во Германија на 6 или 7 септември.

Алкалоид во оваа фаза се најде со вајлд-карта добиена благодарение на триумфот во ЕХФ Европскиот куп – трофеј кој минатата сезона го донесе првиот значаен европски успех за клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар го објави тимот, еве како ќе изгледа во новата сезона (Фото)

Ракометниот клуб Вардар го објави составот со кој ќе влезе во новата сезона, во која покра…