
Од Ал-Наср потврдија дека последните информации се точни и Кристијано Роналдо не отпатува за Мадрид со својот приватен авион, туку сè уште се наоѓа во Ријад. Од клубот дури споделија слики и видеа од денес, каде јасно се гледа дека голгетерот се наоѓа на базата.
Минатата ноќ беше забележано дека личниот авион на Роналдо полета за Мадрид. Најверојатно на бордот беа неговите деца, сопругата и други членови на семејството на фудбалерот. Се претпоставува дека нивното заминување од Саудиска Арабија е поради заканите од бомби и дронови од Иран по избувнувањето на конфликтот во регионот пред неколку дена.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Самиот Кристијано има повреда и затоа се гледа како прави вежби во фитнесот и не е дел од тренингот на тимот. Од клубот објавија дека станува збор за истегнување, но не посочија рок за неговото закрепнување.
Следниот натпревар на Ал-Наср по програма е следната сабота.
.The work resumes at Nassr 🔙💛
— Aл-Наср ФК (@AlNassrFC_EN) March 2, 2026
pic.twitter.com/EHe329pcAW