Дома Фудбал Ал-Хилал му постави ултиматум на Бруно, подготвува понуда од 100 милиони за Јунајтед

Ал-Хилал му постави ултиматум на Бруно, подготвува понуда од 100 милиони за Јунајтед

Саудискиот Ал-Хилал му даде рок од 72 часа на Бруно Фернандеш, во кој Португалецот треба да го даде конечниот свој одговор дали ќе ја прифати примамливата понуда која му беше дадена.

Клубот од Ријад му понуди четирипати поголема плата на играчот од средниот ред. Понудата кон него е за чиста неделна плата од 700 000 фунти. Со бонусите, Бруно може да добие вкупно 200 милиони за три години, ако ја прифати.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Во случај одговорот на капитенот на „црвените ѓаволи“ да е позитивен, Ал-Хилал ќе поднесе официјална понуда до Манчестер Јунајтед, која според „Дејли Мејл“ ќе биде околу 100 милиони фунти.

Ал-Хилал сака да го донесе Фернандеш пред Светското клупско првенство следниот месец. Тој е приоритет број 1 на клубот. Како алтернативи се размислуваат за Јури Тилеманс од Астон Вила или Едерсон од Аталанта.

По последниот натпревар од сезоната, капитенот на Јунајтед изјави: „Ако клубот мисли дека е време да се разделиме, затоа што сака да добие добри пари, така е. Фудбалот понекогаш е таков. Секогаш сум кажувал дека сум тука, додека клубот не ми каже дека е време да си заминам.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шокантен пораз: Јунајтед потфрли во Куала Лумпур

Мањчестер Јунајтед продолжува да се мачи во својата сезона. Овој пат, тимот на Рубен Амори…